Нови детали од забавата по која Мбапе беше обвинет за силување: „Беа поканети само убави девојки“

Шведската водителка и инфлуесерка Јулија Фразен проговори за деталите околу забавата која ја организирал Килијан Мбапе во Шведска. Францускиот фудбалер е обвинет за силување, што потврди и државното обвинителство на Стокхолм. Настанот кој предизвика многу внимание се случил минатиот четврток кога Мбапе заедно со своите пријатели организирал забава во клубот „V“, а потоа заминал во хотелот „Банк“, каде се случило наводното силување.

Инфлуесерката Фразен која и претходно била дел од вакви приватни забави на фудбалри, па била дел од забавите кои ги организирале во Реал Мадрид, како и на забавата која Мбапе ја организирал во 2018 година во Торино, на која биле репрезентативците на Франција. Таа вели дека на забавата во Стокхолм биле само убави девојки.

„На забавата беа поканети само жени кои изгледаат убаво и сите мораа да ги остават мобилните телефони во коверт и тоа пред да влезат во ноќниот клуб“, вели Фразен, кој работи како водителка и инфлуесерка.

Според пишувањето на „Expressen“, Мбапе во Стокхолм изнајмил соба во која се забавувале 30-тина луѓе од кои поголем дел од гостите биле жени. Фудбалерот на Реал Мадрид ги негираше обвиненијата дека силувал некого.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести