Навивачите бесни на Клоп: „Дали си луд? Заборави што сѐ направиме за тебе?“

Мајнц вчера загуби на свој терен од Лајпциг со 0:2, а домашните навивачи најмногу ги заболе фактот дека нивниот некогашен теренер, Јирген Клоп, сега е дел од групацијата Ред Бул, каде припаѓа и Лајпциг.

Тренерската кариера на Клоп започна во Мајнц каде помина седум години, пред да направи трансфер во Борусија Дортмунд, а по седу години меѓу Милионерите, замина во Ливерпул. Во англискиот тим остана осум години, а потоа си замина под изговор дека му е потребен одмор.

Сепак, само неколку месеци по заминувањето од Ливерпул, Клоп потпиша со Ред Бул, корпорацијата која под свое има неколку клубови низ целиот свет, а најпознат и најуспешен е токму Лајпциг.

Навивачите на Мајнц покажаа дека се многу лути на оваа одлука на Клоп да влезе во корпорацијата на Ред Бул и му истакнаа неколку транспаренти.

„Дали заборави се што направивме за тебе? Дали си луд?“, пишуваше на една парола, а на друга парола стоеше цитат токму од зборови на Клоп и гласи вака: „Ги сакам луѓето до моментот додека не ме разочараат“.

Очигледно е дека навивачите на Мајнц се многу разочарани од Клоп.

- Оглас -

Најнови вести