Со мечот меѓу Бостон селтикс и Њујорк никс започна новата НБА сезона. Актуелниот НБА шампион беше расположен на стартот и победи со убедливи 132:109, во натпревар на кој имаше рекорден број на тројки.
Вкупно 29 тројки постигнаа домашните играчи што е израмнување на рекордот кој во 2020 година го постави тимот на Милвоки бакс. Најрасположен шутер беше Џејсон Татум кој погоди дури осум пати за три поени и мечот го заврши со 37 поени, 4 скока и 10 асистенции. Одлични беа и Дерик Вајт со 24 поени и Џејлен Браун со 23 поени. Кај поразениот тим, најпрецизни беа Брунсон и МекБрајд со по 22 поени.
Count 'em up pic.twitter.com/R3x6a4M3xp
— Boston Celtics (@celtics) October 23, 2024
Во вториот меч одигран ноќеска во НБА, Лос анџелес лејкерс со 110:103 славеше над Минесота. Ентони Дејвис беше предводник на Лејкерс со 36 поени и 16 скока. Ветеранот Леброн Џејмс постигна 16 поени.