Италијанската лига не сака одложување на Болоња – Милан, инсистира да се игра утре!

Големите поплави и силните дождови во областа Емилија Ромања во Италија, каде што се наоѓа и градот Болоња и каде што има и деветмина загинати луѓе и илјадници семејства беа евакуирани, донесоа проблеми околу одигрувањето на мечот Болоња – Милан од фудбалската Серија А.

Градските власти од Болоња синоќа објавија дека мечот ќе биде одложен, но Серија А е организатор на мечот и единствената која може да донесе таква одлука. Раководството на лигата поради густиот календар и немањето слободни термини, не сака да има одложување и предлага две опции: да се игра во Болоња, но без публика или мечот да се игра на стадионот во Комо.

 

- Оглас -

Најнови вести