Манчини ќе добие 65 милиони евра за работа што не ја заврши

Роберто Манчини беше отпуштен од селекторското место во Саудиска Арабија, и тоа само по 14 месеци откако беше назначен за предводник. Искусниот 59-годишен Италијанец во август минатата година потпиша четиригодишен договор вреден 80 милиони евра, а сега иако доби отказ, ќе ја добие целата сума од договорот.

Тоа значи дека преостанатите 65 милиони евра кои му беа според договорот, Манчини ќе ги добие и покрај тоа што не ја заврши работата како што посакуваа во Саудиска Арабија.

Пред да дојде на селекторското место во Саудиска Арабија, Манчини пет години беше селектор на Италија, а претходно има работено и во Интер, Галатасарај, Манчестер сити, Лацио и Фиорентина.

 

- Оглас -

Најнови вести