Љубителите на италијанската Серија А ќе останат без можност да следат натпревар во стандардниот саботен термин од 18 часот, со оглед на тоа дека мечот помеѓу Болоња и Милан е одложен. Италијанските власти одлучија дека нема услови за играње фудбал, иако од Фудбалскиот сојуз на Италија инсистираа натпреварот да се одигра.
Причина за одложувањето се големите поплавија кои го зафатија регионот Емилија Ромања, а стадионот „Ренато Дал Ара“ во Болоња се наоѓа токму во тој крај, каде за попладнево се најавени нови големи врнежи од дожд. Полицијата соопшти дека во вакви услови невозможно е да се обезбедува настан на кој ќе присуствуваат 35.000 гледачи, бидејќи ќе предизвика сообраќаен хаос и затворање на сите улици во овој дел од градот.
Новиот термин за натпревар се уште не е познат.
https://twitter.com/Top_Disaster/status/1847942553997639888?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1847942553997639888%7Ctwgr%5E59a4ca763e6c41b6c2729964816b7112f64ef67d%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.blic.rs%2Ffudbal%2Fodlozen-mec-bolonje-i-milana-zbog-poplava-u-italiji%2F2024102517183923901