Главна тема на сите светски медиуми е вечерашното Ел Класико помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Се прават анализи, се даваат прогнози, но неизбежен дел се и споредбите. Токму такво нешто требаше да направи Серхио Кун Агеро, кој беше запрашан кој е подобар фудбалер, Винисиус или Ламине Јамал.
„Ако зборуваме за стилот на игра и талентот, тогаш дефинитивно го бирам Ламине Јамал. Тој може да понуди повеќе работи од Винисиус, иако бразилецот е поискусен и веќе има освоено многу трофеи. Винисиус сигурно е топ-3 најдобри фудбалери во светот, но јас го избирам Ламине. Да можев да ги одберам двајцата во мојата екипа, противниците би се молеле да поминат што е можно подобро. Тоа би било како некогаш со Меси и Нејмар додека играа заедно.“ – вели аргентинецот.
Поранешниот аргентински репрезентативец има коментар и за дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона.
„Сигурно ќе биде добар натпревар. Нема да се обложам, но Барселона ми изгледа многу добро. Но, овие натпревари се посебни и се е можно. Сигурно ќе уживаме во добар фудбал, што на крајот е најважно.“ – додава Агуеро.