Барселона го декласира Реал Мадрид на „Бернабеу“ во Ел Класико со 0-4 и побегна на шест бодови предност пред својот најголем ривал по 11 одиграни кола во Ла Лига.
Покрај победата на теренот, Барса се пошегува со своите ривали и на социјалната мрежа „Икс“.
Fuera de juego, da igual cuando leas esto pic.twitter.com/7wmjxbczLi
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) October 26, 2024
„Офсајд, не е важно кога го читате ова,“ напиша Барселона, со фотографија на помошниот судија кој држи знаме во воздухот и тренерите на двата тима во позадина.
Шегата беше насочена кон дури 12 офсајд позиции, замка во која падна Реал, како резултат на добрата одбранбена игра на Барселона. Само Килијан Мбапе беше фатен во недозволена позиција дури осум пати.