Епски сеир од Црвена ѕвезда за Реал Мадрид: „Барселона препишуваше од нас“ (Фото)

Следната среда во Белград ќе гостува Барселона на дуел против Црвена ѕвезда од Лигата на шампионите, а „каталонците“ во нашето соседство ќе пристигнат во фантастична форма и победи над Баерн Минхен од 4-1 и над Реал Мадрид со 0-4.

Токму победата во големото дерби против „кралскиот“ клуб беше причина за голем сеир на релација Белград – Мадрид. Од Црвена ѕвезда објавија фотографија на која сликовито е прикажано дека Барселона препишувала од нив при победата над Реал со 0-4, алудирајќи на нивната победа над Партизан со 0-4 на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести