Легендата на Ливерпул со провокација: Артета се претвора во новиот Мурињо

Џејми Карагер, поранешниот играч на Ливерпул, вели дека Микел Артета полека се претвора во менаџер од типот на Жозе Мурињо, а не како Пеп Гвардиола. Ова Карагер го изјави по ремито 2:2 меѓу Арсенал и Ливерпул.

„Тоа не е критика, тоа е набљудување на тоа што е Арсенал како тим. Можеби тоа е затоа што Артета ги знае своите напаѓачки играчи и си мисли: „Ние не сме толку добри како Манчестер сити, па мораме да ја освоиме Премиер лигата со тоа што ќе бидеме тимот со најдобра одбрана“. Токму така изгледаа минатата сезона. Но, идејата дека Арсенал игра одличен фудбал, а Артета оди по стапките на Гвардиола е погрешна. Погледнете ја само тајноста што ја имаше пред натпреварот за тоа кој е подготвен да игра, а кој не. Сето тоа е од арсеналот на Мурињо“, изјави Карагер.

Арсенал минатата сезона ја имаше најдобрата одбрана само со 29 примени голови, но заврши на второто место со два бода помалку од шампионот Манчестер сити. Топчиите сезонава моментално се на третото место на табелата со 18 бода, пет помалку од лидерот Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести