Реал Мадрид по поразот во Ел Класико со 0-4 од Барселона доживеа уште еден „пораз“ откако Златната топка замина во рацете на Родри од Манчестер сити, а не како што очекуваа од Kралскиот клуб, кај Винисиус.
Тоа беше причина и за бојкот на Реал Мадрид на манифестацијата, а Барселона на социјалните мрежи ја сподели обjавата на организаторот со која им посакува добредојде, па напишаа: „Навистина ни е чест што сме тука. Ви благодариме за топлото добредојде“.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1850977040201060414?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1850977040201060414%7Ctwgr%5Eadbbfab759543eba04ff16040ea33d1960dfe734%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fbarcelona-real-madrid-ruganje%2F485049
Оваа порака беше сфатена како провокација кон големиот ривал, кој се одлучи да бојкотира иако освои неколку награди во Париз. Барселона на Златната топка доби три награди. Ламине Јамал беше прогласен за најдобар млад фудбалер, најдобра екипа во женска конкуренција, како и најдобра фудбалерка, Ајтана Бонмати.