Македонскиот ракометен тим РК Вардар доживеа убедлив пораз (37-24) против Порто на гостувањето во Португалија. Црвено-црните тесно го загубија мечот во Скопје, но вечерва беа тотално инфериорни против разиграниот ривал.
Порто на полувреме обезбеди предност од седум гола (17-10), а во вториот дел ја надгради разликата со двоцифрен ефект.
По разделбата со Недановски, ракометарите на Вардар на овој меч од клупата ги предводеше Стојанче Стоилов.
Срдановиќ беше најефикасен во тимот на Вардар со шест гола, а Крсманчиќ постигна три. Веитиа од Порто беше голгетерски најрасположен и постигна девет погодоци.