Карло Анчелоти го дал предлогот да се бојкотира гала-свеченоста за Златната топка

Делегацијата на Реал Мадрид која требаше да брои 50-тина луѓе го бојкотираше последниот избор на Златната топка. Ниту еден член од Реал Мадрид не присуствуваше на гала-свеченоста на која Шпанецот Родри беше избран за најдобар фудбалер.

Во Реал беа шокирани од оваа одлука затоа што тие очекуваа нивниот напаѓач Винисиус јуниор да биде прогласен за најдобар во светот. Потоа стигна одлуката дека од Реал Мадрид никој нема да патува во Париз на свеченоста, а радио коментаторката Аранча Родригес открива дека тоа било предлог на тренерот Карло Анчелоти.

„Анчелоти кога дозна дека Винисиус нема да биде прогласен за најдобар фудбалер во светот даде предлог да се направи бојкот на Златнатата топка“, вели Родригес, која дообјаснува дека оваа одлука претставувала и гест за поддршка кон Винисиус.

- Оглас -

Најнови вести