Французин ќе биде првата „жртва“ во Реал по дебаклот во Ел Класико

Реал Мадрид наводно е подготвен да ги разгледа понудите за Аурелиен Чуамени и можеби ќе го продаде во наредниот период, пренесува „Релево“. Францускиот репрезентативец, кој има 24 години, полека ја губи својата позиција во тимот иако тренерот Карло Анчелоти и понатаму му дава поддршка. Меѓутоа, довербата на Анчелоти кон Чуамени е речиси исцрпена.

Во клубот веќе не го сметаат Чуамени за незаменлив дел од екипата, особено по неговата послаба форма последниве месеци. Од почетокот на сезоната, тој одигра 14 натпревари во сите натпреварувања, при што понекогаш беше користен и како централен дефанзивец.

Чуамени беше многу баран фудбалер на трансфер-пазарот, а интерес за него имаше од клубови како Баерн Минхен, Ливерпул и неколку други англиски тимови. Тој премина во Реал Мадрид од Монако летото 2022 година за сума од 80 милиони евра, а неговиот договор важи уште четири години.

- Оглас -

Најнови вести