Фиорентина не знае за доста, ја победи и Џенова! (Видео)

Фудбалерите на Фиорентина продолжуваат со одличните игри, а со тоа и резултати, па на гостувањето во Џенова ја забележаа шесттата победа по ред во сите натпреварувања, откако победија со 0-1.

Серијата на „виолетовите“ без пораз сега е осум меча, на кои имаат седум победи и само едно реми на гостувањето кај Емполи.

Воедно, поразот од Џенова значи дека нивната негативна серија сега изнесува девет натпревари, на кои имаат само два нерешени резултати.

Единствениот гол на мечот што значеше и победа за Фиорентина беше дело на Робин Гусенс во 72-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести