Лидерот во шпанската Ла Лига, Барселона, сè уште има финансиски проблеми кои се одразуваат на регистрацијата на фудбалерите за настап во првенството. Дани Олмо пристигна како најголемо засилување, но беше регистриран дури откако Андреас Кристенсен се повреди, па поради правилото на Ла Лига влета на списокот.
Сепак, паузата за данскиот интернационалец наскоро завршува, а тој беше избришан од списокот со регистрирани фудбалери, па сега се појавува нов проблем за Каталонците. Наједноставното решение е ако некој се повреди, па Кристенсен да биде регистриран на неговото место или пак некој од фудбалерите да биде избришан, а на негово место да влета Данецот.
За да дознае дали ќе може да настапува, Кристенсен ќе мора да чека до јануари, но тој јасно му ставил до знаење на раководството на Барселона дека сака многу порано да биде решен неговиот статус, во спротивно побарал трансфер уште во зимскиот преоден рок.