Зверев се пласираше во финалето во Париз, се искачува на второ место на АТП листата

Александер Зверев е прв финалист на Мастерсот во Париз, а добра вест за рускиот Германец е и што од понеделник ќе биде на втората позиција на АТП листата, прескокнувајќи го Карлос Алкараз кој ќе падне на трето место.

Зверев во полуфиналето во Париз го совлада Холгер Руне со 6-3, 7-6. Во второто полуфинале играат Русинот Карен Хачанов и Уго Умбер од Франција.

Второто место на Зверев носи и промени за завршниот Мастерс во Торино. Вака можно е првот носител Јаник Синер и третиот Алкараз да бидат во иста група, а теоретски можно е во таа група да се најде и Новак Ѓоковиќ (ако реши да се појави во Торино), па тоа да бидат спектакли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести