Тотенхем ќе го продолжи договорот на капитенот Сон и без да го праша

Англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе ја активира клаузата за продолжување на договорот на Хеунг-Мин Сон за уште една дополнителна година. Договорот на 32-годишниот капитен на Тотенхем истекува по завршувањето на актуелната сезона, а неодамна тој призна дека сè уште не разговарал со никого во клубот за својата иднина.


Меѓутоа, медиумите на Островот информираат дека во договорот има опција за еднострано продолжување на спогодбата за дополнителни 12 месеци, при што клубот само треба да го извести Сон за активирањето на таа клаузула. Намерата на раководството е да го направи токму тоа.

Сон има постигнато 123 гола на 310 натпревари за Тотенхем. Само Хари Кејн има повеќе голови на првенствени натпревари за англискиот клуб.

Јужнокореецот беше доведен во 2015 година од Баер Леверкузен. Ова значи дека неговиот престој во клубот ќе надмине цела деценија доколку навистина остане уште една сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести