Лацио ја оствари седмата победа во Серија А оваа сезона откако на „Олимпико“ го совлада Калјари со 2-1. Гостите го завршија мечот со деветмина фудбалери откако црвени картони во вториот дел добија Јери Мина и Мичел Адопо.
Лацијалите брзо го отворија резултатот, со голот на Булаје Диа уште во втората минута. Калјари успеа да израмни со погодокот на Зито Лувумбо пред крајот на првото полувреме.
Сепак, Лацио не дозволи бодовите да заминат од Рим. Матија Закањи постигна гол за триумф од 2-1, реализирајќи пенал во 75-та минута.
⚽️GOAL🇮🇹 | Lazio 2-1 Cagliari | Zaccagnipic.twitter.com/YCsfLFjWcJ
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 4, 2024