Поранешниот фудбалер на Барселона, Јувентус, Интер и Баерн Минхен, Артуро Видал, е осомничен за учество во сексуален напад врз 22-годишна девојка во Чиле. Видал во моментов е член на најславниот клуб во неговата татковина, Коло Коло, а во неделата доцна во ноќта заедно со соиграчите се забавувале во ноќен клуб во Сантијаго де Чиле.
Девојка во полиција пријавила дека била дрогирана и сексуално нападната од неколку фудбалери на Коло Коло, а меѓу нив бил и Артуро Видал. Обвинителството на Чиле ја потврди информацијата, но не го откри идентитетот на останатите фудбалери.
Од полицијата во Сантијаго де Чиле потврдија дека Видал ноќта бил приведен во полициска станица за да биде утврден неговиот идентитет и според нив, тоа е стандардна процедура за лице кое е осомничено дека сторило кривично дело.