Бриж минимално со 1:0 славеше над Астон вила, а Шахтар со 2:1 беше подобар од Јанг бојс во првите два меча кои вечерва се одиграа во Лигата на шампионите. За Бриж ова е втора победа во четвртото коло, а многу значајно е тоа дека е остварена против ривал кој имаше перфектни три победи на стартот од елитното натпреварување на УЕФА.
Ханс Ванакен го постигна единствениот гол вреден три бода за Бриж, и тоа од пенал во 52-рата минута. Пеналот беше направен на најбизарен начин. Голманот Мартинес ја додаде топката до Мингс, а тој мислејќи дека може да игра со рака за да ја намести на петерецот за изведување, ја фати со двете раце. Судијата не се двоумеше многу и досуди пенал затоа што со додавањето на голманот Мартинес, играта беше во тек.
Пеналот со кој Астон вила стигна до победата може да го видите ТУКА.