Најдобрите македонски кошаркарки постигнаа двојно помалку поени од Украина

Поразот на домашен терен од 49-98 против Украина доволно говори каква е силата на македонската женска кошаркарска репрезентација. По ланските порази од Португалија со 13 поени разлика и од Србија со 43 поени, ова е најтешкиот пораз за тимот на селекторот Александар Ашаданов во овие квалификации за Европско првенство.

Првите две четвртини завршија со ист резултат, 13-26, третиот период го добија гостинките со 20 поени разлика, а конечниот резултат покажува дека Македонија постигна точно двојно помалку поени.

Анџелика Митрашиновиќ со 17 и Мерит Хемпе со 16 поени постигнаа две третини од поените за македонскиот национален тим. Украина погоди 15 тројки, а Македонија само две од 19 обиди и тука беше пресудната разлика, заедно со двојно повеќето скокови.

За три дена повторно играме дома против Португалија.

- Оглас -

Најнови вести