Нова катастрофа во Шпанија: По Валенсија, настрада и вториот град каде што има македонски репрезентативец (Видео)

Делови од Шпанија веќе неколку недели се борат со големи поплави. Во изминатиов период најлошо помина областа Валенсија, каде што имаше повеќе од 200 жртви. Токму во Валенсија брани македонскиот репрезентативец чувар Столе Димитриевски, а во периодот кога беше најлошо, беа одложени два меча на неговиот тим.

Утрово, од Шпанија пристигнуваат нови лоши вести. Овојпат Жирона е градот кој настрада во поплавите. Преплавените улици кои носат сѐ пред себе најавуваат дека е можно да има уште една природна катастрофа во Шпанија.

Жирона е градот во којшто настапува македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Од фудбалски аспект, добро е за Миовски и Жирона затоа што овој викенд тие треба да играат на гости кај Хетафе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести