Репрезентацијата на Летонија ќе биде првиот противник на Македонија во ноемврискиот прозорец, а селекторот на балтичката земја го објави списокот со повикани фудбалери. Единствената разлика од мечот во Рига е фудбалерот на Мета, Оскарс Виентиес, додека останатите играчи се истите коишто беа дел од поразот од Македонија со 0-3.
Мечот помеѓу Македонија и Летонија ќе се игра на 14-ти овој месец со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а ние уште на овој натпревар може да го обезбедиме првото место во групата и да го прославиме пласманот во Б дивизијата од Лигата на нациите.