Германскиот првак задржа еден од своите главни адути

Репрезентативниот напаѓач на Мароко, Амин Адли, го продолжи договорот со германскиот шампион Баер Леверкузен до 2028 година, соопшти клубот.

Адли моментално се опоравува од фрактура на левата потколеница, здобиена во натпревар против Брест во Лигата на шампионите во октомври. Тој има 126 натпревари за Баер, во кои постигна 21 гол и забележа 22 асистенции.

24-годишниот фудбалер имаше клучна улога и минатата сезона, кога тимот од Леверкузен освои двојна титула, шампионска титула и Купот на Германија.

„Моите очекувања беа повеќе од исполнети и ќе направам сè што е во моја моќ за да продолжиме да постигнуваме големи цели и да освојуваме трофеи“, изјави Амин Адли.

Во моментот, Баер Леверкузен се наоѓа на четвртото место на табелата, седум бода зад Баерн Минхен, и на 13-то место во Лигата на шампионите.

Адли е роден во Франција, но избра да игра за Мароко и има 14 натпревари за селекцијата по своето деби во септември 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести