Ќерките не му даваат на Тијаго Мота да гледа Интер – Наполи?

Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, рече дека уште не знае дали вечерва ќе го гледа дуелот на Интер и Наполи кои се ривали на Јуве.

Мота можеби предност ќе му даде на тенисот и ќе замине во салата во Торино каде се игра завршниот Мастерс, за да го гледа мечот на Јаник Синер со Алекс Де Мињаур кој е во исто време со фудбалското дерби. Дури и да не оди во сала, дома на телевизија можеби ќе гледа тенис, а не фудбал.

„Моите ќерки навиваат за Синер, играат тенис, и сакаат да го запознаат. Ќе видиме, можеби ќе треба да употребам два екрани за да гледам и тенис и фудбал“, рече Мота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести