Родри пееше „Винисиус Чао“ кога ја освои Златната топка, но вели дека тоа не е непочитување (Видео)

Шпанскиот репрезентативец и играч од средниот ред на Манчестер сити, Родри, беше прогласен за најдобар на годинешната церемонија за доделување на Златната топка.


По церемонијата, на интернет се појави снимка на која се гледа како Родри ја прославува својата награда на звуците на „Бела Чао“, позната италијанска антифашистичка песна од Втората светска војна.


Во текот на прославата, Родри и присутните го променија текстот и наместо „Бела Чао“, пееја „Винисиус Чао“.

Реал Мадрид одлучи да ја бојкотира церемонијата, а медиумите во Шпанија посветија големо внимание на оваа тема, дури и повеќе отколку на фактот дека Шпанија доби нов носител на „Златната топка“, првпат по Луис Суарес во 1960 година.


Прославата на Родри исто така привлече големо внимание.

Родри се огласи и објасни што се случувало таа вечер, истакнувајќи дека не сакал да искаже непочитување кон Винисиус јуниор, кој го заврши гласањето за „Златната топка“ на второто место.

„Луѓето треба да разберат дека тоа е здраво ривалство. Беше приватна прослава. Ако ставиме камера во секој дом… не покажав непочитување, тоа е само ривалство. Го почитувам Винисиус“, изјави Родри.

- Оглас -

Најнови вести