Кошаркарскиот клуб Партизан објави Ин мемориам за својот долгогодипен верен навивач Драган Четковиќ кој полина на 65-годишна возраст, откако му се слоши на крајот од синоќешниот натпревар од Евролигата меѓу Црно-белите и Барселона во белградската Арена
Дежурниот медицински тим му укажа прва помош на Четковиќ, навивачот итно беше пренесен во Ургентниот центар, но таму почина. Од Партизан објавија дека нивната фондација која го носи името „Добро памтам сè“ ќе ги сноси сите трошоци за погребот, а пред почетокот на утрешниот натпревар со Армани Милано, ќе има едноминутен молк во чест на Драган.
Најморбидно во целата приказна е тоа што Драган како да претчувствувал дека ќе му се случи нешто лошо. На социјалните мрежи деновиве објавувал пораки од типот: „В среда Барселона, петок Милано во Арена, доза лексилиум на максимум“ и „Или ќе престанам да го гледам КК Партизан или ќе се шлогирам“.