Селекторот на Данска откри како го надмудри Пикси: „На друг начин не можевме да играме со нив“

Србија и Данска одиграа без голови во Лесковац, што беше доволно за гостите да патуваат во четвртфиналето на Лигата на нациите, но и да ги испратат Србите во баражот за опстанок во дивизијата „А“. По мечот, српските новинари не му поставија ниту едно прашање на гостинскиот селектор, што беше сфатено како провокација, но затоа данските новинари имаа доста прашања за Брајан Ример.

„Сакав да го направам обратното од она што го направи Србија. Наместо да се натпреваруваме на физички план, што секако немаше да можеме, се обидовме да ја вртиме топката околу. Во неколку ситуации покажавме дека ние го можеме тоа. Во првото полувреме бевме лоши со топката, но затоа во второто се поправивме“, вели Ример.

Селекторот на Данска ги анализираше и можните ривали во четвртфиналето од Лигата на нациите.

„Би било арогантно ако кажам нешто лошо за Португалија и Франција, но Германија има најголем поединечен квалитет и против неа секогаш е тешко. Мислам дека Португалија и Франција повеќе ни одговараат. Како и да е, нѐ очекуваат два големи натпревари во март“, додава селекторот на Данска.

- Оглас -

Најнови вести