Аргентинецот Херардо Тата Мартино одлучил да си поднесе оставка од функцијата тренер на Интер Мајами и тоа ќе го објави на заедничка прес-конференција на која ќе присуствуваат и Дејвид Бекам и Хорхе Мас, кои се сопственици на клубот.
Мартино е еден од омилените тренери на Лионел Меси, Тата му беше тренер и во Барселона и во аргентинската репрезентација, но по неуспехот во плејофот на МЛС-лигата, Мартино се повлекува од „лични причини“ на една година пред крајот на договорот.
Под водство на Мартино, Интер од Мајами освои еден трофеј, а имаше и рекорден број освоени бодови во регуларната сезона во МЛС-лигата.