Шведска води со 3-0 по првото полувреме на дуелот со Азербејџан и настапите во својата група од Лига Ц во Лигата на нациите ќе ги заврши со 16 бода (исто како и Македонија), но најверојатно и подобра гол-разлика од нас, па Швеѓаните ќе бидат пред Македонија на листата на чекање за бараж на Мундијалот.
Нашинецот Дејан Кулушевски вечерва го отвори резултатот, а потоа имаше и асистенција при првиот од двата гола на феноменалниот Виктор Ѓокереш.
Колку подобра гол-разлика, толку подобро за нив во трката со Романија за најдобар тим во Лига Ц. Сепак, Романците би требало да добијат службена победа од 3-0 за прекинатиот меч со Косово, па Романија ќе биде прва на чекање од Лига Ц за бараж доколку не биде прва или втора во својата група од квалификациите за СП. Македонија ќе навива барем 7 од 10-те тима победници на групи од Лига А, Б и Ц кои се пред нас да обезбедат директно место на СП или барем бараж преку квалификациите.