Откако не успеаја со Пеп Гвардиола, нова понуда на адресата на Карло Анчелоти

Фудбалскиот сојуз на Бразил повторно тргнува во поход по ангажманот на Карло Анчелоти за селекторската функција. Бразилците претходно најавуваа дека нивна желба е Пеп Гвардиола откако Италијанецот еднаш веќе ги одби.

Сепак, откако сфатија дека мисијата Пеп Гвардиола не може да се оствари, тие повторно го посакуваат Анчелоти на својата клупа, иако Италијанецот има договор со Реал Мадрид до летото 2026 година. На Кралскиот клуб не му оди баш според планот оваа сезона, но тешко дека раководството ќе се одлучи за отказ на Анчелоти, но не е исклучена можноста налето да дојде до промена на клупата.

Шпекулациите велат дека следното лето Чаби Алонсо ќе седне на клупата на Реал Мадрид, а тогаш веќе нема да има пречки за Карло Анчелоти да ја преземе репрезентацијата на Бразил.

- Оглас -

Најнови вести