Шведска го разби Азербејџан со 6-0, а четири погодоци беа дело на Виктор Ѓокереш кој сезонава е незапирлив и даде 32 гола на 24 меча за репрезентацијата и неговиот клуб Спортинг Лисабон.
Швеѓанецот со унгарско потекло е прв шведски фудбалер кој направил „покер“ после Златан Ибрахимовиќ, потврди дека во моментов е голгетер број 1 во светот. Можеби Азербејџан не е некој којзнае каков ривал, но Ѓокереш пред две недели му даде три гола на Манчестер сити, па не може да се каже дека погодува само против слаби противници.
Вечерва се одиграа два меча и во Лига А, а и двата завршија 1-1. БиХ дома ремизираше со Холандија и се прости од Лига А, испаѓајќи во Лига Б во која ќе биде и Македонија. Унарија со гол на Собослаи во судискот продолжение се спаси од пораз против Германија.