Завршија ноемвриските натпревари од Лигата на нации низ Европа, и сега ситуацијата е малку појасна за голем дел од репрезентациите. Некои напредуваат, некои назадуваат, а трети ќе играат баражи за опстанок или пласман во повисок ранг.
Македонија од Лига Ц се сели во Лига Б, и во периодот септември-ноември 2026 година ќе играме со посилни ривали од тие кои ги имавме сега.
Освен Македонија, во Лига Б сигурно ќе бидат и Босна и Херцеговина, Израел, Северна Ирска, Полска, Романија, Шведска и Швајцарија.
Посл баражите, ќе се знае кои тимови ќе се приклучат, а можни противници ќе ни бидат Австрија, Белгија, Грција, Унгарија, Шкотска, Србија, Турција, Украина, Ерменија, Бугарија, Грузија, Исланд, Косово, Република Ирска, Словачка, и Словенија.