Јувентус го сака Осимен како замена за Влаховиќ, и тоа во јануари

Душан Влаховиќ одбива да го продолжи договорот со Јувентус, што ги поттикна челниците на клубот да бараат замена. Според италијанските медиуми, спортскиот директор Кристијано Џунтоли планира да го доведе Виктор Осимен како замена за Влаховиќ во јануарскиот трансфер-период.

Осимен, кој е напаѓач на Наполи, моментно е на позајмица во Галатасарај. Во тековната сезона, во дресот на турскиот клуб, Осимен има одиграно девет натпревари постигнувајќи осум голови и четири асистенции.

Нигериецот најави дека сака да остане во Турција до крајот на сезоната, но, сепак, треба да се напомене дека Осимен има специфична клаузула во договорот со Галатасарај, која му овозможува да го напушти клубот доколку добие примамлива понуда од голем европски клуб. Токму на оваа карта игра Јувентус.

Во меѓувреме, Јувентус продолжува со напорите да го убеди Душан Влаховиќ да го продолжи договорот, но засега без успех. Најверојатно тој кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести