Барселона ќе го „бетонира“ Ламин Јамал со отштетна клаузула од милијарда евра

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, е близу до потпишување нов договор со клубот. Речиси сѐ е договорено, а потписот на 17-годишниот шпански репрезентативец за продожување на соработката на нови шест години ќе се случи кога тој ќе стане полнолетен.


Јамал ќе наполни 18 години на 13 јули следната година.

Во договорот ќе биде вклучена откупна клаузула со неверојатен износ една милијарда евра. Така Јамал ќе биде „бетониран“ во редовите на каталонскиот гигант од намерите на другите европски гиганти, но и од финансиски моќните саудиски клубови.

Оваа сезона талентираниот играч одигра 16 натпревари за Барселона, на кои постигна шест гола и забележа осум асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести