Кошаркарската репрезентација на Шпанија на неверојатен начин стигна до победа на гостувањето кај Словачка и тоа во меч кој имаше две продолженија. Во регуларниот дел дуелот заврши 59:59, а по првото продолжение резултатот беше 64:64. На крајот, Шпанија победи со 76:72 и стигна до првата победа во овие квалификации.
Мечот имаше неверојатен тек, а посебно ќе се памти тоа што се случи на крајот од првото продолжение. Словачка имаше водство од 64:61, на семафорот стоеше дека има само 0,4 секунди до крајот и топката беше за домаќините.
И наместо само да истечат тие четири десетинки се случи драма. Јуста ја украде топката, потоа ја прифати и шутираше, а за чудо погоди. Судиите прво покажаа дека тројката не важи, но потоа гледаа повторена снимка и решија дека тројката е регуларна.
Оваа одлука е повеќе од чудна затоа што докажано е дека потребни се 0,3 секунди што е само еден допир на топката за да се постигне кош. Овојпат Јуста прво ја допре топката да ја украде, таа удри во подот, а потоа кошаркарот на Шпанија ја прифати и шутираше и погоди тројка.
Dicen que el tiempo es relativo.
Pues para Yusta 4 décimas son
El triple de una remontada jamás vista. 6 puntos en 4 segundos.
España, a lograr lo imposible en la segunda prórroga. #Eurobasket2025 pic.twitter.com/qLvJTv1MBS
— Teledeporte (@teledeporte) November 22, 2024
Во останатите мечеви кои се играа вечерва: Летонија – Белгија 75:72, Шведска – Германија 73:72, Турција – Унгарија 92:66, Црна Гора – Бугарија 85:62, Португалија – Словенија 78:74.