Интернационалната организација за фудбалска статистика и официјално потврди дека Кристијано Роналдо е автор на нов подвиг, односно рекорд. Португалецот е првиот фудбалер во историјата кој успеал да постигне гол против 200 различни екипи.
Екипата на Ал-Кадисија е 200-тата екипа против која Кристијано Роналдо погоди. Од овие 200, 152 се клубови, а останатите 48 се репрезентации. Португалецот е рекордер и по бројот на голови, со 911 погодоци.