Кејн одговори на критиките дека не дава голови на важни натпревари

Баерн Минхен од 21 часот е домаќин на ПСЖ во меч кој е дерби на вечерта во Лигата на шампионите, а Хари Кејн, кој е ударна игла во нападот на Баварците, ќе се обиде со погодок да докаже дека не е играч само за дуели со мали ривали, како што го критикуваат.

Голгетерот кој уште нема титула во кариерата, а постигнал огромен број голови, доби критики од германската легенда и некогашен играч на Ливерпул, Диди Хаман.

„И по Европското првенство кажав дека Кејн треба да докаже дека вреди 100 милиони евра, иако минатата сезона даде над 30 гола. Не беше донесен во Баерн за да постигнува хет-трик против Дармштад, туку за да дава голови против Леверкузен, Астон вила во четвртфиналето на Лигата на шампионите“, критикуваше Хаман.

Кејн одговори на ова.

„Мислам дека изјавата е малку извадена од контекст. Во минатата сезона постигнав голови против некои големи клубови, на пример: на гости кај Борусија Дортмунд, со Штутгарт. Се обидувам да постигнам гол на секој натпревар и да му помогнам на тимот. Мојот придонес не го гледам само со голови, туку и во играта без топка. Среќен сум кога победуваме, а јас не сум дал гол, и тренерот е задоволен, тоа е најважно, тимот е на прво место. Бројките кои ги имам се најдобри во мојата кариера“, изјави Кејн.

Во Sport Life квотата дека Кејн вечерва ќе даде гол против ПСЖ е 1.90.

- Оглас -

Најнови вести