Висок лет на штрковите, МЗТ Скопје го победи Работнички во вечното дерби

МЗТ Скопје забележа значајна победа против вечниот ривал во македонската кошарка Работнички, со 74:70 и тоа на гостински терен.

Освоен е Градски Парк по пауза од една година, а гостите постојано водеа предводени од Хрватот Иве Иванов, кој постигна 22 поени и имаше 9 скокови.

Во финишот беше мошне драматично, а Работнички промаши два обиди за продолженија. Чавдар Костов во првиот обид и потоа Мираковски промашија удари за тројки и пропаднаа шансите на домаќинот за пресврт и подвиг.

МЗТ Скопје одигра за нијанса подобро, а на крајот аеродромци стравуваа за победата. Имаа и 12 поени предност во 34. минута. На крајот со многу среќа славеа со четири поени.

Предраг Самарџиски беше исто така одличен со 16 поени и со 16 скокови.

Кај Работнички најефикасен беше Крстевски со 19 поени, пред Мираковски со 18. Сега двете екипи имаат по два порази, а МЗТ со меч повеќе и со победа повеќе е лидер на табелата.

Во останатите мечеви Фени го победи Охрид како гостин со 101:86, Вардар го декласира Шкупи со 118:59, а Куманово беше убедлив против Пелистер и славеше со 87:75

 

 

- Оглас -

Најнови вести