Хет-трик на Бен Једер за 13 минути, Севилја го потопи Сосиедад

Севилја славеше со убедливи 5-2 против Реал Сосиедад во дуелот кој се одигра во рамките од 27-мото коло во Ла Лига. Андалужаните одиграа одлично второ полувреме во кое блескаше голгетерот Висам Бен Једер, па со својот хет-трик ѝ помогна на Севилја да освои три бода по шест меча без триумф во шпанското првенство.

Домаќините преку Сарабија ја отворија средбата во 25-тата минута, а Ојарзабал беше стрелец на израмнувачкиот погодок во првото полувреме. При стартот на вториот дел, следуваше гол-шоуто на Французинот, кој за 13 минути го оствари хет-трикот, па сега во Ла Лига сезонава брои 15 погодоци.

Во 69-тата минута Ојарзабал беше трагичар за гостите, постигна авто-гол за високи 5-1, а потоа истиот играч од пенал го ублажи болниот пораз на Сосиедад за конечни 5-2.

https://www.youtube.com/watch?v=kwxP3GIbnpE

 

https://www.youtube.com/watch?v=K9rjmm2SjpY

 

https://www.youtube.com/watch?v=Fl7suoq1hQU

Во вториот меч, кој започна во терминот од 18:30 часот во шпанската елита, Вилјареал со головите на Екамби и Чуквуесе во судиското надополнување стигна до триумф од 2-0 на гостувањето кај Леванте.

- Оглас -

Најнови вести