Ставрев ќе им ја дели правдата на светските прваци

Александар Ставрев по вторпат ќе ѝ суди на Франција, а првпат ќе ја дели правдата откако „триколорите“ станаа светски прваци.

Нашиот најдобар судија заедно со помошниците Кировски, Костадиновски и Мечкаровски ќе ја делат правдата во Кишињев на дуелот меѓу Молдавија и Франција.

За двете селекции тоа ќе биде премиерниот меч од квалификациите за настап на ЕП 2020 година, а ќе се игра на стадионот на Зимбру.

Ставрев ѝ судеше на Франција против Луксембург во септември 2017 година, кога „триколорите“ сензационално одиграа само 0-0 против аутсајдерот, но потоа на Мундијалот во Русија ја освоија светската круна.

Ова ќе биде прв меч за Ставрев на кој ќе ја дели правдата, а ќе игра актуелниот светски шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести