Србија не знае за пораз по Мундијалот, реми со Германија во Волфсбург

Германија и Србија ремизираа 1-1 на пријателскиот меч во Волфсбург, по што продолжува серијата од 7 меча без пораз на популарните „орли“.

Гостите поведоа во Волсфбург со голот на сензационалниот Лука Јовиќ во 12-тата минута, а конечниот резултат го постави Леон Горецка во 69-тата минута.

Двете селекции играа меѓу себе по третпат откако се независни држави во овој формат, а сега имаат израмнет биланс од по една победа, реми и пораз.

Во Врексам вечерва пријателски меч играа и Велс и Тринидад и Тобаго, а домаќините славеа со 1-0 со голот на тинејџерот Бенџамин Вудбурн во 92-рата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести