Колку време ќе му треба на Роналдо за да собере пари за да ја плати казната на УЕФА?

Кристијано Роналдо се спаси од суспензија која му се закануваше поради начинот на кој го прослави третиот погодок против Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампиони. Португалецот постигна хет-трик и на тој начин го однесе Јувентус во четвртфиналето од елитната лига на УЕФА. По давањето на третиот гол, Роналдо прослави во стилот на Диего Симеоне од првиот меч на овие два тима во Мадрид.

Симеоне тогаш беше казнет со 20.000 евра, а Роналдо ја доби истата казна, иако многумина мислеа дека ќе може да добие и суспензија од еден или два меча, па Јувентус да има дополнителни проблеми за двомечот против Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Паричната казна од 20.000 евра е смешна за Кристијано, кој е еден од најскапоплатените фудбалери во светот. Според „Форбс“, Роналдо оваа година вкупно ќе заработи 95 милиони евра, што е 260.000 евра на ден, односно 10.800 евра на час. Тоа значи дека на Роналдо ќе му бидат потребни помалку од два часа во денот, за да „собере“ пари и да ја плати казната од УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести