Кочов: Цело време верував во оваа екипа на МЗТ

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, после триумфот, рече дека неговиот тим играл паметно и заслужено се најде во финалето на АБА лигата.

„Очекував неизвесен меч, и поразличен од првиот, така и се случи. МЗТ денеска беше организиран, не бевме брзоплети. Игравме брзо кога требаше, игравме долги напади кога требаше. Спарс игра модерна кошарка, не беше лесно. Горд сум на овие играчи. Верував од почеток во оваа екипа, после првите неколку кола се виде дека може да влеземе во АБА. Им требаше време да сфатат дека можат, го разбивме македонскиот синдром, победивме кога беше најтешко. Ова е успех на цел клуб, не само на играчите или стручниот штаб. Благодарност и до навивачите кои препознаа дека ни требаат. Ние секогаш даваме максимум, Не е исто на концерт да пееш во празна сала и пред многу луѓе, мотивацијата не е иста“ – изјави Ѓорѓи Кочов.

Капитенот на МЗТ, Дамјан Стојановски, смета дека пресудни биле одбраната и скокот.

„После оној луд меч во Сараево, знаевме дека мора да играме цврсто. Спарс има искусни играчи. Одбраната и скокот беа клучни фактори за пласманот во финалето“ – изјави Дамјан Стојановски.

„Не е случајнои што МЗТ победи против нас четири пати сезонава. Нашата шанса ја испуштивме на првиот меч во Сараево. Квалитет на МЗТ е што не се предаде после 17 разлика негатива во Сараево. Се обидовме психолошки да се вратиме, но од почеток до крај оваа средба одеше во еден правец“ – рече тренерот на Спарс, Марко Трбиќ.

- Оглас -

Најнови вести