Прегледите сепак не даваат оптимизам: Роналдо може да не игра во Амстердам

Кристијано Роналдо сепак може да го пропушти првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс. Според пишувањата на „Газета дело спорт“, по направените детални лекарски прегледи, сепак било забележано дека повредата на бутниот мускул не е толку едноставна.

Роналдо се повреди на дуелот меѓу Португалија и Србија во квалификациите за ЕП 2020 година и беше заменет уште во првиот дел. Веднаш по средбата, Португалецот изјави дека ќе биде подготвен за дуелот против Ајакс во Амстердам. Сепак, откако поминаа неколку дена, лекарите велат дека Роналдо може и да го пропушти дуелот против Ајакс во Холандија, кој се игра на 10 април.

Јувентус сигурно ќе биде без најдобриот играч на следните три меча во Серија А, против Емполи, Калјари и Милан, но тоа не е голем проблем ако се знае дека најтрофејниот италијански првак ќе го одбрани тронот во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести