Работнички одбра од своите редови, Баже Лазаревски е нов тренер на „романтичарите“

Баже Лазаревски е нов шеф на стручниот штаб на Работнички, како замена за Жикица Тасевски, кој си поднесе оставка по поразот од Вардар.

Лазаревски и досега работеше во клубот, како координатор со младинската академија на „романтичарите“, а сега ќе има сложена задача да го врати првиот тим на победнички колосек.

Работнички има три порази по ред и само со 31 бод е поблиску до битката за опстанок отколку за Европа, што беше главна цел пред почетокот на сезоната.

Лазаревски ќе дебитира на клупата на „романтичарите“ уште в недела, на локалното дерби во Ѓорче Петров против Работнички.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести