Дербито на Манчестер ќе се игра во Торино, ПСЖ чека подобар пар

Даглас Коста сè помалку игра за Јувентус, а направи и голем гаф кога плукна играч на Сасуоло, па е блиску до заминување од Торино.

За него се заинтересирани двата клуба од Манчестер, Јунајтед и Сити, а во трката се вклучи и Пари Сен Жермен. Триото се надева дека ќе го ангажира 28-годишниот Бразилец, кој има отштетна калузула од 60 милиони евра, сума за која може да си замине од Јувентус.

Коста имаше и добри моменти сезонава, но по инцидентот со Сасуоло, сè поретко добива шанса да игра, а италијанските медиуми објавија дека од него веќе кренал раце тренерот на Јуве, Макс Алегри.

- Оглас -

Најнови вести