Хофенхајм оствари двојна победа над „фармацевтите“ со идентични 4-1

Хофенхајм славеше со високи 4-1 на домашен терен против Баер Леверкузен на отворањето од 27-то коло во Бундеслигата. Избраниците на Нагелсман на тој начин остварија двојна победа над „фармацевтите“ оваа сезона, и тоа со идентични резултати. И во првата пресметка Хофенхајм победи со 4-1 на „Бајарена“, дуел кој се одигра на 8 ноември минатата година.

Белфодил ја отвори средбата во 10-тата минута, а само седум минути подоцна гостите израмнија преку Фоланд, но фудбалерите на Хофенхајм во три наврати ја тресеа мрежата на Баер во вториот дел. Бендер во 51-та минута си постигна авто-гол, 10 минути подоцна Белфодил одново се запиша во листата на стрелци, а Крамариќ им ги скрати маките на Леверкузен во 79-тата минута.

По овој меч, само еден бод ги дели Хофенхајм (41) и Леверкузен (42) на осмата, односно седмата позиција на табелата во германскиот шампионат.

 

- Оглас -

Најнови вести