Жалгирис ја доби пресметката против Олимпијакос со конечни 68:72 на гостувањето во Пиреј во претпоследното коло од регуларниот дел во Евролигата. Грчкиот состав и во четвртиот последователен дуел против кошаркарите на Јасикевичиус не успеаја да дојдат до позитивен резултат.
Литванците сега се во пол-позиција да обезбедат учество во разигрувањата, засега се на осмото место со 14 победи, а зад нив се Армани Милано, Макаби и нивниот вечераше противник со по ист број на победи, но послаб учинок во кошеви.
Неизвесната пресметка се одлучуваше во последната минута, откако Олимпијакос прокоцка +10 поени предност во текот на третиот период. Слободните фрлања кои Григонис ги реализира на шест секунди до крајот се покажаа како одлучувачки.
Вајт со 14 поени беше најефикасен во составот на Жалгирис, со еден поен помалку заврши Дејвис. На Олимпијакос не му помогнаа ниту 26-те поени на Вебер.
Останати резултати Евролига, 29-то коло:
Химки – ЦСКА Москва 72:80
Дарушафака – Баерн Минхен 92:87.
Басконија – Анадолу Ефес 92:102